Добри се за пливање, но можат да бидат и опасни – Што треба да знаете пред да почнете да користите тампони?
Хигиенски влошки
Најголемиот број влошки се изработени од памук или од полимери со голема моќ на впивање.
Тие се дизајнирани за да се залепат на долната облека и постојат најразлични големини и облици, па лесно можете да го направите сопствениот избор во однос на тоа со какви менструации се соочувате.
Слично како тампоните, и хигиенските влошки треба да се менуваат на секои 3 до 4 часа.
Кои се позитивните страни на користењето хигиенски влошки?
Тие се подобри ако се соочувате со пообилни крвавења. Жените и девојките што се соочуваат со вакви менструални циклуси почесто треба да ги менуваат сретствата за менструална хигиена, а менувањето влошки е многу полесно од менувањето тампони.
Ако тампоните не се препорачуваат за користење во текот на ноќта, со влошките немате таков проблем. Можете цела ноќ да користите влошка без да се грижите дали треба да ја промените.
Исто така, доволно е само да ѕирнете и да знаете дека треба да ја промените влошката, додека со тампоните никогаш не можете да бидете сигурни.
Ризикот од синдром на токсичен шок е минимален.
Лошите страни на користењето влошки се што не можете да ги користите за бањање во море или базен, не се доволно дискретни и често се случува да се изместат или да се одлепат од долната облека.
Оттука, доколку не сте сигурни за какво сретство за менструална хигиена да се одлучите, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог и да направите избор.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: freepik