5 начини за ублажување на изгореници од сонце и зачувување на бојата без лупење и флеки

Оштетување на кожата, односно изгореници од сонце може да се појават при многу сончево и топло време, но и кога е облачно бидејќи УВ светлината продира низ облаците.

5-nachini-za-ublazhuvanje-na-izgorenici-od-sonce-i-zachuvuvanje-na-bojata-bez-lupenje-i-fleki 01 630x330.jpg

Денот на базен или на плажа може да биде уништен само од изгореници од сонце, особено ако тоа е нашето прво сончање во годината. Треба да знаете дека крема со заштитен фактор е задолжителна, без разлика дали имате потемна или посветла нијанса на кожа.

Постојат повеќе типови на изгореници и тоа:

Изгореници од прв степен: кожата е воспалена, црвена и болна на допир.

Изгореници од втор степен: покрај овие симптоми се појавуваат и пликови.

Изгореници од трет степен: најопасниот и тежок вид на изгореници. Се препорачува веднаш да се консултирате со лекар. Покрај воспалената и болна кожа и пликовите кои покриваат повеќе од 20% од кожата, се појавуваат и симптоми како главоболка, висока температура, треска, дехидрација.

Како можете да си помогнете кога ќе изгорите од сонце?

Изладете ја кожата

Штом забележите црвенило на кожата, треба да излезете од директна сончева светлина и да ја покриете кожата.

Се препорачува веднаш да се започне со ладење на кожата - со мраз или со алое вера. Исто така, ладниот туш може да помогне во ублажување на воспалената кожа и црвенилото.

5-nachini-za-ublazhuvanje-na-izgorenici-od-sonce-i-zachuvuvanje-na-bojata-bez-lupenje-i-fleki 02 630x380.jpg

Хидратација

Откако ќе ја изладите кожата, нанесете хидратантна крема која содржи алое вера или препарат кој содржи овесно млеко. За подобар ефект, оваа козметика можете да ја чувате извесно време во фрижидер пред да ја нанесете.

Пијте вода

Важно е да не се заборави или занемари хидратацијата однатре. Обидете се да пиете што повеќе вода, особено ако имате пликови на вашата кожа. Пликовите земаат вода од кожата и важно е да се замени изгубената течност.

Правилен третман на пликови

Во случај на малку потешки изгореници, на кожата се формираат пликови. Откако ќе се формираат, треба да ги оставите да пукнат и да истече течноста.

Бидејќи кожата под пликовите е многу чувствителна, а нервите се изложени на воздух, не влечете и не ја отстранувајте „кожата“.

На овој начин ќе ја оштетите и здравата кожа, а поголема е можноста да останете со лузни.

5-nachini-za-ublazhuvanje-na-izgorenici-od-sonce-i-zachuvuvanje-na-bojata-bez-lupenje-i-fleki 03 630x380.jpg

Покријте ја кожата

Покривањето на кожата со природни материјали како памук или лен ќе го забрза процесот на заздравување. Заштитете ја кожата од директна сончева светлина и топол и сув воздух.

Совети за зачувување на бојата без лупење и флеки:

- Не се обидувајте да се исончате за еден ден. Навистина е невозможно за само неколку дена да се вратите со тен што вообичаено го добивате за неколку недели.

Иако дури и долгиот викенд е доволен за заводливо исончани нозе или раменици, идејата да го поминете целиот ден под силното сонце едноставно не е паметна, дури и со висок заштитен фактор.

5-nachini-za-ublazhuvanje-na-izgorenici-od-sonce-i-zachuvuvanje-na-bojata-bez-lupenje-i-fleki 04 630x380.jpg

- Овозможете кожата да се регенерира после сончање. Продолженото изложување на сонце значително ја суши кожата, создавајќи пукнатини и оштетувања на неа, а ова е едно од главните причини за нерамномерно потемнување.

- По секое изложување на сонце, на кожата и треба време за опоравување - колку точно зависи од типот на кожата и производите што ги користите.

Специјализираните формули наменети за длабоко обновување и хидратација ќе им помогнат на клетките на кожата сами да ја поправат штетата предизвикана од сонцето, спречувајќи го на тој начин непожелниот процес на лупење на бојата.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg