Важно е да се движите
Движењето е важно за здравјето, психата и воопшто за позитивниот однос кон животот. Пожелно е секој ден да се движите барем 30 минути, било...
...да трчате, возите велосипед, бргу да одите или слично. Одберете начин кој најмногу ви одговара и тргнете!
Пред сè прилагодете го темпото на своите физички предиспозиции. Движете се кога можете и каде што можете. Трчајте, ролајте, играјте, косете трева, играјте одбојка...
Има безброј спортови со кои можете да се занимавате, само одберете го оној што намногу ве исполнува. Ако веќе подолго време не се занимавате со нешто, треба де почнете со умерени активности во траење од 5 до 10 минути, па постепено да го продолжувате времето.
Редовно вежбајте 3-4 пати неделно, тоа ќе ве направи здрава, силна и среќна личност, а така и ќе го намалите ризикот од заболувања н асрцето и рак, за околу 70%.
Освен тоа што ќе бидете телесно и ментално порелаксирани, рутинското вежбање ќе ве подмлади за разлика од оние кои што не се занимаваат со спорт.
Се разликуват два типа на вежбање: аеобно и анаеробно вежбање.
Аеробното вежбање го користи кислородот при согорувањето. Тоа е енергичен облик на тренирање и вклучува голем број на мускули. Иако ваков вид на тренинг трае најмалку 30 минути во континуитет, тоа не боли, туку само предизвикува потење и брзо дишење.
При тоа се интензивира работата на срцето, белите дробови и мускулните клетки. Во аеробни вежби спаѓаат: одењето, трчањето, возењето велосипед, пливањето, ролањето, планинарењето и други активности.
Аеробното вежбање е одлично за намалување на телесната тежина, затоа што долготрајноста и нискиот интензитет ја зголемуваат искористеноста на мастите од организмот како извор на енергија. Добри се за психичка релаксација и смалување на стресот.
Анаеробно вежбање – При овој начин на согорување на енергијата (без кислород) се јавува болка. Како анаеробни телесни активности се сметаат тенисот, сквошот, веслањето, брзото трчање до 1.500 метри, кратки брзи трчања во спортови како што е фудбалот, ракометот....
Карактеристиките на анаеробните активности е тоа што тие се со висок интензитет и со кратко траење (во минути), па помеѓу вежбите или активностите, неопходни се кратки одмори. Со анаеробно вежбање повеќе создаваме сила отколку што ги намалуваме килограмите.