Збогум лоши навики

oslobodete-se-od-losite-naviki-povekjeТие се движат од обично грицкање нокти до хронично доцнење. Лошите навики, мали мани кои толку им одат на нерви на другите, можат некој пат...


...да ни ја загрозат работата, пријателството, љубовта, па дури и бракот...

Еве 5 најлоши навики и совети како да се ослободиме од нив:

Доцнење. Ако секогаш доцните значи дека се преценувате, а личноста на која и доцните, ја потценувате. Направете роковник за да не заборавите на договорените состаноци и ослободете се од лошата навика. И уште нешто – не ветувајте нешто што не можете да го остварите.

Обвинување на другите. Кога ги обвинувате другите поради проблеми и разочарувања во вашиот живот, вие всушност признавате дека не го контролирате вашиот живот. За решавање на најважните проблеми на работа и во односите со луѓето треба време, но можете да си помогнете така што ќе почнете да ги решавате малку по малку, чекор по чекор.

oslobodete-se-od-losite-naviki

Себичност. Себичните луѓе често се скриваат зад „презафатеноста“ или „уморот“. Ако самите се доживувате како личност која е премногу зафатена за да му помогне било кому, замислете се пред да останете без пријатели. Почнете така што ќе направите нешто ситно што не е корисно само за вас, а потоа обидете се да направите нешто навистина великодушно.

Грицкање нокти. Нокти изгрицкани „до корен“ делуваат многу одбивно. Најдобар начин да се ослободите од таа навика е длабоко да дишете за да се релаксирате и да ја намалите напнатоста. Во моментите која би ги грицкале ноктите едноставно стиснете ги дланките.

Одолговлекување. Одолговлекувањето е повеќе поврзано со почетокот на некоја работа или обврските отколку со нејзиното завршување. Обидете се да направите попис на работите кои треба да ги завршите тој ден, а при тоа најтешката работа ставете ја прва. Прецртувајте ја листата како што ги завршувате обврските.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Дел од најсмртоносните видови рак (и зошто е тешко да се излечат) Ракот на панкреас е еден од најсмртоносните, најмногу бидејќи не покажува симпто...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)? Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg