„На 26 години ми дијагностицираа синдром на повеќекратна личност - како е да се живее со 50 идентитети во едно тело?“
Дел од идентитетите на Мел:
Зара, 18 – одговорна, социјална, посветена на рутините, организирана и погласна од другите идентитети.
Ана, 16 – оптимистична, перфекционист, балерина.
Клое, 4/5 – многу гласна, детинеста, се обидува другите детски идентитети да ги направи среќни.
Тами, 19 – несоцијална, бесна на моменти, заштитнички поставена.
Данаил, 20 – срамежлив, исплашен од луѓе.
Ендрју, 10 – помага на другите, креативен, перфекционист.
Чарли, 29 – најмногу личи на Мел, спортски, лојален, заинтересиран за психологија.
Губењето на свеста некогаш значи дека идентитетите на Мел страдаат и од амнезија, па сè треба да им е испишано на табла за ако на површина дојде идентитет кој не знае што се случува.
„Кога имаме состаноци се обидуваме да излезе вистинскиот идентитет, но некогаш тоа е тешко. Имаме и листа за позитивни тригери за одреден идентитет да биде поттикнат да се појави. Чувството е како сè да е збунувачко цело време.“
По посета на 30 професионалци, на Мел конечно ѝ бил дијагностициран овој синдром на 26-годишна возраст и таа вели дека е среќна што барем знае што ѝ е.
Оваа дијагноза била нешто огромно за Мел, прво ја застрашувала и една година одбивала да признае дека се соочува со тоа, но сега вели дека ја прифаќа и работи на тоа да дојде до вистинскиот третман.
С. С. | Црнобело