Користите чепкалки за уши и уште 7 хигиенски грешки со кои си правите штета
Пилингот ја освежува кожата и ги отстранува мртвите клетки, но ова не е третман што треба да го правите секојдневно бидејќи ќе ја иритирате кожата.
Обидувајќи се да одржуваме беспрекорна хигиена, неретко претеруваме и правиме работи кои всушност повеќе ни штетат отколку што ни помагаат.
Кои хигиенски грешки треба да ги избегнувате?
Цел ден носите иста хигиенска влошка
Воопшто не е препорачливо да го поминете скоро целиот ден со иста хигиенска влошка.
Без разлика дали станува збор за секојдневна или влошка за менструација, не треба да ја носите подолго од 4-5 часа.
Доколку имате обилни менструации, препорачливо е да ја менувате влошка на најмногу два часа.
Ја чистите внатрешноста на увото со чепкалки за уши
Чепкалките за уши се одличен изум, но треба да ги користите само за да ја исчистите ушната школка.
Немојте никако да пробувате да го чистите и ушниот канал бидејќи можете да се повредите, постои можност само да го потиснете восокот од уште подлабоко, но и бидејќи ушниот восок постои со причина и не треба да се отстранува.
Покрај чистењето на ушната школка, доволно е само да го исчистите отворот на каналот со крпа замотана околу вашиот прст.
Секој ден правите пилинг на кожата
Пилингот ја освежува кожата и ги отстранува мртвите клетки, но ова не е третман што треба да го правите секојдневно.
Доволно е да правите пилинг на кожата еднаш-двапати неделно. Во спротивно само ќе ја иритирате кожата и ќе создадете црвенило.
Не ги менувате влошките во чевлите
Ако имате чевли што ги носите речиси секојдневно, препорачливо е да им ги менувате влошките на секои шест месеци.
Најпрво, поради честото носење, влошките ја губат формата, особено ако биле ортопедски. Покрај тоа, тие се совршено место за развој на бактерии микроби, па важно е да ги менувате за да го избегнете непријатниот мирис, како и појавата на проблеми како габични инфекции.
Не правите пилинг на пазувите
Важно е да правите пилинг не само на лицето и телото, туку и на пазувите, особено ако ги бричите.
Со пилингот добро ќе ги отстраните остатоците од дезодоранси и антиперспиранти, но и ќе ја спречите појавата на сраснати влакна.
Доволно е да правите пилинг еднаш-двапати неделно со нежен пилинг за тело. Ако имате чувствителна кожа, можете да користите и пилинг за лице.
Го миете лицето со антибактериски сапун
Сите сапуни ја сушат кожата, па не се препорачливи за миење лице. Покрај тоа, антибактериските сапуни отстрануваат сè од лицето – од природните масла што ја хидрираат кожата, до корисните бактерии.
Секој ден ги миете рацете со антибактериски сапун
Пандемијата дефинитивно нè натера да користиме посилни средства и сапуни за миење раце, но не ѝ правите услуга на кожата ако претерувате.
Антибактериските сапуни многу ја сушат кожата, а притоа нема доказ дека се многу поефикасни од обичните.
Па, најдобро избегнувајте да ги користите секој ден.
Ги триете забите многу силно
Силното триење само ќе ви ги разрани непцата и ништо повеќе.
Треба да ги миете забите со нежни движења, а не заборавајте да користите и конец за да ги отстраните остатоците храна од малиот простор помеѓу забите.
Спирова С. | Црнобело