9 совети од психолог како да ја смирите вашата анксиозност
Дарко Влогс, доктор Горан, Миа Костова, Елена Петреска се дел од нашите јавни личности кои отворено проговорија за својата борба со анксиозноста и заслужуваат пофалба што ја поткреваат јавната свест на оваа тема. Доколку и вие сте во ваква ситуација, како да си помогнете? 9 совети од психолог...
Можеби ве притискаат крајните рокови на работното место, љубовната врска ви е комплицирана, децата имаат проблеми на училиште или пак имате грижи во врска со своето здравје и други стравови, па наеднаш анксиозноста е тука и доминира со вашиот живот.
Ве мачи стравот постојано и вашиот живот изгледа како шетање наоколу со чадор чекајќи бурата да ве погоди.
Психологот и автор, доктор Сузан Алберс од САД дава неколку совети за справување со анксиозноста.
Што да направите ако се чувствувате анксиозно? Започнете со тоа што ќе се соочите со вашата анксиозност, советува доктор Алберс. Постојат стратегии кои ќе ви помогнат во тоа.
За секоја пофалба е што во Македонија јавните личности почнаа отворено да говорат за тоа со цел да ја поткренат јавната свест на темата. Дарко Влогс, доктор Горан, Миа Костова, Елена Петреска се дел од нив...
Неколку совети од доктор Сузан Алберс:
Размислувајте за себе како да сте пожарникар
Изгаснете ги пламените јазици на анксиозноста со студени здивови, односно со вдишување и издишување полека и длабоко. Кога го забавувате вашето дишење му правите трик на телото да помисли дека се релаксирате и се подговтвувате за спиење.
Смирете ги анксиозните мисли
Мислите како „Јас не го можам ова, ова е ужасно“ додаваат масло на огнот на анксиозноста.
Наместо тоа, размислувајте што можете и што не можете да промените за ситуацијата и потоа направете чекори за промените кои се можни и напори за прифаќање на работите кои не можат да се променат.
Размислете за перспективата
Анксиозноста често значи грижење за многу работи кои реално не се значајни на долг рок. Кога сте нервозни за некоја работа, размислете како таа работа ќе влијае на вас за 5 минути, 5 месеци или 5 години.
Пронајдете издувен вентил
Обидете се со јога, медитација или масажа на грбот и стапалата. Пронајдете нежен начин за да го смирите своето тело.
Разговарајте
Најлесен начин за смирување е едноставното разговарање за своите емоци. Ова е најбрзиот начин за да си помогнете. Само споделете ги емоциите со другите.