„Ќе спијам кога ќе умрам“ – подобро легнете си со време: Како телото страда од недостаток на сон?
Либидото се намалува
Недоволното спиење може да го намали вашиот сексуален нагон. Спиењето 5 или помалку часа го намалува нивото на полови хормони за дури 10 до 15%. Мажите, исто така, изјавиле дека нивното целокупно расположение и енергичност се намалуваат со секоја последователна ноќ на прекинат одмор.
Килограмите се зголемуваат
Недостатокот на сон може да предизвика зголемување на килограмите.
Луѓето кои спиеле помалку од 5 часа секоја вечер во текот на едно тригодишното истражување имале поголема веројатност да се здебелат и да останат дебели на крајот. Оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа поминале подобро на вагата.
Се зголемува ризикот од дијабетес
Кај луѓето кои не спијат доволно (или кои пак спијат премногу) се зголемува ризикот од развој на дијабетес кај возрасни.
Истражувачите потврдиле дека 7 до 8 часа одмор е оптималниот опсег за да се избегнат проблеми со инсулинот што може да доведе до дијабетес.
Склони сте кон незгоди
Трипати е поголема веројатноста да бидете вклучени во сообраќајна несреќа доколку спиете шест или помалку часа секоја вечер, според Националната фондација за спиење на САД.
Најранливите луѓе се работниците во смени, комерцијалните возачи, деловните патници и сите други кои работат долги часови или „чудни“ смени. Размислете двапати пред да седнете зад воланот ако не спиете доволно.
Кожата на лицето се уништува
Ако сите овие здравствени ризици не ве убедија да спиете повеќе, тогаш направете го тоа за вашиот изглед.
Резултатите во едно испитување откриле дека оние со помалку сон имале повеќе фини линии, брчки, неизедначен тен на кожата и изразена опуштеност.
Хроничните неспијачи исто така биле понезадоволни од својот изглед отколку нивните добро одморени колеги.
(О)Милена | Црнобело