10 Пијалаци кои ве дебелеат
Жените често се жалат дека и покрај редовното вежбање и држење диети не можат да се ослободат од вишокот килограми. Честа причина на истото е...
...консумацијата на разни пијалаци. Ако сакате да ослабете и да ја одржите тежината, треба да бидете свесни дека многу пијалаци се калорични и можат да заменат цел оброк.
Кои од нив се опасни за вашата линија?
1. Сокови. Сите се полни со шеќери и имаат по 400 калории во еден литар, па затоа подобро сами да си цедите свежо овошје.
2. Кафе со шлаг, шеќер и чоколадо. Содржи и до 800 калории па подобро одберете кафе со нискокалорично млеко.
3. Вода со вкус. Заблуда е дека водата со вкус на лимон или портокал е нискокалорична.
4. Диетални сокови. Немаат многу калории, но немаат никаква нутриционистичка вредност. Често се газирани, па само ве дујат.
5. „Здрави“ шејкови. Имаат ознака здрав, богат со витамини и хранливи влакна, а имаат и до 700 калории.
6. Жестоки пијалаци. Подобро пијте црно или бело вино.
7. Енергетски пијалаци. Содржат многу шеќер и кофеин и треба да ги избегнувте ако сакате да задржите тенок струк.
8. Лимонада во кафулиња. Најчесто е многу зашеќерена.
9. Газирани пијалаци. Преполни се со калории и го подуваат стомакот.
10. Кремасти коктели. Подобро одберете бистри отколку крем коктели.