Сигнали кои не смеете да ги игнорирате: 7 знаци дека вашето тело е полно со токсини
Честите главоболки или промените во изгледот на јазикот може да бидат показатели дека ви е потребна детоксикација на организмот. Во повеќето случаи, телото најчесто ни сигнализира дека нешто не е во ред со него.
Секако, проблемот е што честопати не ги знаеме или пак не сакаме да ги забележиме овие знаци. Понекогаш е тешко да се препознаат симптомите на здравствени проблеми, а ова особено се однесува на таложењето на токсини во телото.
Напомена: Не мора да значи дека поединечно овие симптоми секогаш укажуваат на токсини во телото, но доколку почесто забележувате повеќе од овие проблеми - задолжително консултирајте се со лекар.
Знаци кои може да укажуваат дека вашето тело е полно со токсини:
Несоница
Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсини во телото. Ако имате проблеми со спиењето, тоа значи дека треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата честопати се поврзува со проблеми во работата на овој орган.
Пробајте да внесете во исхраната свежи сокови направени од брокула, карфиол и слични зеленчуци кои го чистат црниот дроб.
Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, па затоа во исхраната вклучете што е можно повеќе храна богата со сулфур, а лукот е најдобриот „лек“ за тоа.
Летаргија
Доколку се будите уморни и тромави и чувството на летаргија ве следи во текот на целиот ден, треба да размислите за детоксикација.
Нема да го решите проблемот доколку недостатокот на енергија го надоместите со стимуланси како што е кофеинот. Напротив, само ќе ја влошите ситуацијата.
Јадете многу житарки бидејќи се богати со витамини од групата Б, кои влијаат на менталните функции како концентрацијата и меморијата.
Главоболка
Хроничните главоболки кои постојано се повторуваат може да укажуваат на прекумерна количина на насобрани токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена.
Треба да сте свесни дека главоболките можат да се влошат во текот на процесот на детоксикација, но откако ќе се исфрлат отровите од организмот, главоболките треба веднаш да престанат или значително да се намалат. Секако, ова направете го во консултација со стручно лице.
Проблеми со кожата
Доколку забележите исип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобриот показател дека нешто не е во ред со организмот, бидејќи сè што не е во ред се исфрла на нејзината површина.
Жолт или бел слој на јазикот
Јазикот е важен показател за откривање на количината на токсини во телото. Храната која содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз на дигестивниот систем, вклучувајќи го и јазикот.
Ако на површината на јазикот е видлив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека дигестивниот тракт се бори со токсини.
Акумулација на масно ткиво во абдоменот
Токсините кои ги внесуваме преку храната и пијалаците, но и токсините кои ги вдишуваме, ја забрзуваат акумулацијата на масното ткиво на стомакот. Ова се случува затоа што многу токсини кои остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму.
Чувство на топлина
Еден од природните начини преку кои телото ги исфрла токсините е потењето. Кога има премногу „отрови“ во телото, тоа ќе се „прегрее“ обидувајќи се да се ослободи од нив со потење.
Поради овој процес, може да чувствувате топлина, дури и кога надвор е ладно.
(О)Милена | Црнобело