10 едноставни навики за кои мозокот ќе ви биде благодарен
Посветете ѝ се на уметноста
Цртањето, боењето, па дури и плетењето и везењето се активности кои исто така се добри за мозокот.
Тие ве тераат добро да ги координирате очите и рацете и го стимулираат мозокот.
Воспоставете здрви животни навики
Мора да се погрижите и за физичкото здравје ако сакате ментално да бидете во топ форма. Ако не можете сè одеднаш, пробајте постепено да воспоставувате поздрави животни навики – пијте повеќе вода, хранете се поздраво, спијте доволно…
Избегнувајте да правите повеќе работи одеднаш
Мултитаскингот е способност што ја ценат многумина, но не секогаш дава добри резултати. Мозокот може да се фокусира на само една работа, па ако сакате да бидете ефикасни во она што го правите, избегнувајте да правите повеќе работи одеднаш.
Намалете со шеќерот и јаглехидратите
Внесувањето многу шеќер и јаглехидрати може да има влијание врз меморијата и когнитивните способности.
Нема потреба целосно да се откажете од храна со вакви состојки, само потрудете се да бидете умерени.
Јадете црно чоколадо
Црното чоколадо е богато со состојки што му годат на мозокот и ја подобруваат неговата функција.
Спирова С. | Црнобело