8 необични симптоми кои може да сигнализираат бременост
Отоци, утринска мачнина, честа потреба за уринирање – некои симптоми на бременост се јавуваат кај повеќето трудници и им се познати на скоро сите.
Но постојат и навистина необични симптоми кои се јавуваат кај помалку жени и некогаш можеби нема ни да ги поврзете со бременост.
Овие симптоми се генерално безопасни, а најчесто причината за нивната појава се хормоналните промени во телото на жената.
Кои се најчудните симптоми на бременост?
Појава на бенки
Со бременоста настануваат и многу промени на кожата, вклучувајќи ја и појавата на нови бенки. Наводно, причината за ова се хормоните кои се лачат во организмот на бремената жена, кои можат да го стимулираат растот на бенките.
Во некои случаи на жената не ѝ се појавуваат нови бенки, но можат да се зголемат оние што веќе ги има.
Зголемено лачење плунка
Кај некои жени во првиот триместар од бременоста може да се појави и зголемено лачење на плунка. Иако овој симптом може да биде непријатен, експертите советуваат дека не претставува никаква опасност ни за мајката, ни за бебето.
Проблемот е што некогаш може да почувствувате гадење, па дури и повраќање поради овој симптом, но кај повеќето жени симптомот се ублажува по првиот триместар.
Метален вкус во устата
Во првата половина од бременоста, жената се соочува и со промени во сетилата за мирис и вкус, а поради хормоналните промени, некои жени чувствуваат и вкус на метал во устата. Ова е уште еден симптом што е безопасен и единствено може да го уништи вкусот на храната.
Наводно, ако се соочувате со овој проблем избегнувајте да пиете минерална вода бидејќи може да го засили вкусот на метал.
Добрите вести се дека и овој симптом значително се ублажува во втората половина од бременоста.
Болки во непцето
Некои бремени жени почнуваат да чувствуваат болки во непцето, а некогаш се јавува и крвавење. И во овој случај виновни се хормоните кои можат да ги направат непцата почувствителни и поподложни на воспаленија и крвавење.
Ако болката станува многу силна, најдобро е да одите на заболекар.