Трошете калории со секојдневни нормални активности – како да ослабете и останете фит без да вежбате?
Редовното вежбање е одлична активности која носи бројни здравствени придобивки. Сепак, не сите луѓе сакаат да вежбаат и тоа е сосема во ред.
Но, за да потрошите малку повеќе калории од вообичаено, потребно е да се движите повеќе од вообичаеното. Најдобриот начин да започнете е со најмалку 10.000 чекори дневно, за што постојат многубројни апликации кои ќе го бележат вашиот успех.
Ова секако не е единственото нешто што може да го направите со цел да ја подобрите вашата здравствена состојба или физичкиот изглед, па дури и менталното здравје.
Ако ги вклучите следните активности во вашиот секојдневен живот и ги правите секогаш кога ќе ви се укаже можност, потрошувачката на калории ќе се зголеми – што на крајот води до губење на тежината. Што може да правите?
Стоење наместо седење
Во многу прилики можеме да избереме да стоиме наместо да седиме. На пример, додека телефонираме, го користиме јавниот превоз или пак чекаме ред во чекалница или на шалтер.
Лицето кое тежи 66 килограми троши околу 102 калории на час додека седи, а ако стои ќе потроши 174 калории.
Можеби не изгледа како многу голема разлика на почетокот, но ако секој пат кога можеме претпочитаме да избереме стоење наместо седење, можеме кумулативно да изгубиме 18.000 калории за една година – што би значело губење на два килограми.
Одете на пазарење пеш
Да отидете до продавница со автомобил звучи навистина примамливо, а понекогаш е дури и неопходно кога станува збор за големи набавки. Но, помалите набавки може да се направат сосема совршено и пешки.
Во прилог на одењето пешки до локалната продавница, носењето торби за намирници е најдобриот функционален тренинг што можете да го направите.
Посветете им се на домашните работи
Со правосмукалка, перење, пеглање се зголемува нешто што се нарекува NEAT (Термогенеза на активност без вежбање). Чистењето на бањата (темелно, вклучувајќи ја и кадата или туш кабината) е активност којашто троши најмногу калории.
Користете скали наместо лифт
Оваа активност ја активира долната половина од телото, ги активира мускулите на нозете како и оние на задникот. Кога се качуваме ги вежбаме листовите и задникот, а кога се спуштаме се активираат квадрицепсите. Ако го држиме ’рбетот исправен и мавтаме со рацете кога се спуштаме или се качуваме по скали, ќе активираме уште повеќе мускули.
Градинарство
Ова е одличен начин за постигнување внатрешен мир и за согорување на калории. За половина час градинарство можете да согорите 150 калории, и ако додадете друга активност (како што е косење на трева), потрошувачката се зголемува до 400 калории на час.
Шетајте сами или со кучето
Веќе споменавме дека 10.000 чекори дневно е сосема солидна вежба за секој од нас. Одењето е одличен начин да останете активни и да ја зголемите потрошувачката на калории.
Доколку имате куче искористете го ова време за прошетка заедно, а чекорењето сами е подеднакво забавно и делотворно.
(О)Милена | Црнобело