„Зошто ми е толку тешко да живеам со анксиозност?“
Анксиозноста всaдува некое црно семе во мене, се двоумам за сè и се колебам за сè. Прави да не им верувам дури и на добрите луѓе затоа што анксиозноста ми кажува дека не треба да им верувам.
Ме тера да мислам дека ме лажат и дека не ми мислат добро.
Постојано прави да се сомневам во својата вредност, да си правам лоши сценарија во главата и да одам по деструктивна патека.
Следното што го правам е што се извинувам некому за нешто за кое тој не е ни свесен, но ете јас се чувствувам виновна поради мојата претерана аналитичност.
Анксиозноста прави да барам решенија за проблеми кои постојат само во мојата глава.
Анксиознота ме тера да се извинувам за сè...
Се извинувам што размислувам премногу.
Се извинувам што зборувам премногу.
Се извинувам што се обидувам премногу.
Се извинувам што се грижам премногу.
Се извинувам што сум присутна.
Се извинувам што не сум присутна.
Се извинувам што сум била директна.
Се извинувам поради фактот што сум се извинила.
Анксиозноста прави да се чувствувам виновна поради тоа што сум и постојано да се прашувам дали луѓето погрешно сфатиле нешто што сум кажала или направила.
Секогаш се измачувам со сценаријата: „Што ако...“
Тешко ми е да се прифатам.
Очајно се трудам да контролирам нешто кое ме контролира мене веќе толку долг период.
Се сомневам во секоја личност, а не треба.
Ете затоа ми е тешко да живеам со анксиозност.