3 вежби за дишење со ефект на разладување

Техниките на дишење се докажан начин за смирување на умот и срцебиењето, што може да ви помогне телесно да се оладите.

3-vezbi-za-disenje-so-efekt-na-razladuvanje-1.png

Не само што се едноставни и лесни за изведување, туку и ментално ќе ве опуштат.

Наизменично дишење

Сместете се во удобна положба и со десниот палец затворете ја десната ноздрва. Вдишете со левата, броејќи до 4.

На крајот тргнете го палецот и затворете ја левата ноздрва. Вдишете низ десната броејќи до 4.

Повторувајте 5 до 10 пати.

Во јогата, левиот канал е yin, или ладна енергија, а десниот канал е yang, или топла енергија. По нивно верување, со овој тип на дишење ја зголемувате ладната енергија, односно ја намалувате топлата.

3-vezbi-za-disenje-so-efekt-na-razladuvanje2.jpg

Нееднакво дишење

Оваа вежба може да ја изведете седнати или легнати.

Вдишете низ носот, броејќи до 4. Потоа издишете броејќи до 8. Повторете 10 пати.

Совршено дишење

Оваа вежба исто може да се изведува во седечка или лежечка положба.

Вдишете низ носот одбројувајќи 5,5 секунди, а потоа издишете низ носот, исто така броејќи 5,5 секунди.

Практикувајте ја вежбата 5,5 минути.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg