Кожата е огледало на сè што ни се случува – сувата кожа е знак на тага и депресија, акните се знак на стрес
Силната и длабока врска помеѓу умот и кожата доведе до создавање на ново научно поле – психодерматологија.
Имено, луѓето кои одат на лекар (дерматовенеролог) поради проблем со кожата, честопати имаат психолошки проблем кој е тесно поврзан со кожата, поради што стандардните дерматолошки третмани не секогаш функционираат.
Личноста може да има различен проблем со кожата како одговор на психолошки проблеми.
Сепак, кај одредени емотивни состојби, постои многу честа и силна врска со специфичните реакции на кожата.
Не мора да значи дека секогаш причината е иста и најдобро е да се консултирате со стручно лице, но добро е да знаете дека може да станува збор за нешто од следните емотивни состојби кои создаваат проблеми на кожата:
Депресија, тага – сува кожа
Трауматичен настан – исип на кожата и воспаление
Зголемен стрес – акни, влошување на егземата или псоријаза
Анксиозност – црвенило или исип
Хроничен, долготраен стрес кој се провлекува – чувствителност на кожата, дехидрираност, сувост
Чувство на екстремен бес или тегобност – уртикарија, алергиски реакции, чешање, воспаление
Зголемени емоции (позитивни или пак негативни) – црвенило, розацеа
Потиснат бес или потсвесна огорченост – сува кожа
Дали се препознавате во некои од симптомите?
(О)Милена | Црнобело