Неколку причини зошто постојанo сте уморни, дури и кога спиете доволно

Чувствителност на некоја храна

Ако постојано се чувствувате изморено, а нема никаква причина за тоа, постои веројатност да имате чувствителност на некоја храна.

Ако покрај заморот чувствувате и подуеност, дијареја и слично, направете некои промени во начинот на исхрана и почнете да се храните поздраво.

Истовремено, нездравата храна полна со шеќери и јаглехидрати може да предизвика нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта, а ова прави да се чувствувате уморно.

07.JPG

Замор од стрес

Постои теорија дека константниот стрес може да направи да се чувствувате уморно, без разлика дали се храните здраво и спиете доволно.

Според оваа теорија, вашате надбубрежна жлезди почнува да лачат адреналин и кортизол кога сте изложени на стрес. Овие хормони го зголемуваат крвниот притисок и го забрзуваат чукањето на срцето.

Кога постојано сте изложени на стрес, надбубрежната жлезда „прегорува“ поради постојаното лачење хормони, па вие постојано се чувствувате уморно.

Наводно, некои лекари не ја прифаќаат оваа теорија, но секако ќе ви биде од корист да најдете начин да се справите со стресот.

08.JPG

Недијагностицирана апнеа

Апнеата е нарушување кое предизвикува отежнато дишење во текот на сонот.

Ако се чувствувате многу уморно дури и ако сте спиеле 7-8 часа, а истовремено и ’рчите гласно, најдобро направете проверка за апнеа.

09.JPG

Спиете премногу

Недоволното спиење предизвикува проблеми, но истото важи и за претераното спиење. Всушност постои и нарушување кое, на некој начин, е спротивно на инсомнијата – хиперсомнија.

Луѓето со ова нарушување постојано се чувствуваат поспано, тешко им е да останат будни, а неретко им се случува и да заспијат каде било.

Дури и ако немате хиперсомнија, но спиете повеќе од девет, десет часа навечер, следното утро најверојатно ќе се чувствувате уморно.

10.JPG

Колку сон му е потребен на човекот?

Секој човечки организам е различен, па додека некои луѓе се наспани со 6 часа, на други им требаат 8 часа сон.

Потребата од сон зависи и од возраста – на бебињата и тинејџерите им се потребни повеќе, а на возрасните помалку часови.

Генерално, експертите препорачуваат дека возрасните е најдобро да спијат помеѓу 7 и 9 часа. Најдобро е да го слушате вашиот организам за самите да откриете кое оптималното време на спиење за вас.

Препорачано време на спиење според возраст

  • Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа
  • Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа
  • Деца (1-2 години): 11-14 часа
  • Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа
  • Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа
  • Тинејџери (14-17 години): 8-10 часа
  • Млади возрасни (18-25 години): 7-9 часа
  • Возрасни (26-64 години): 7-9 часа
  • Постари лица (65+ години): 7-8 часа

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg