7-те најчести проблеми на паровите кои спијат во ист кревет и како да се справите со нив

Спиењето со партнерот не само што е поудобно, туку науката покажува дека е добро и за вашето здравје, најмногу бидејќи значително го намалува нивото на стрес. Но, сите луѓе имаат разни потреби и навики кога станува збор за спиењето, па голема е веројатноста да не се усогласувате со партнерот за многу нешта.

7-te-najchesti-problemi-na-parovite-koi-spijat-vo-ist-krevet-i-kako-da-se-spravite-so-niv-01.jpg

Проблемите како ’рчење и „крадење“ на ќебето им се познати на многу парови, но добрите вести се дека има начин да ги надминете овие разлики.

Погледнете како да се справите со најчестите проблеми при спиењето со вашиот партнер:

„Борба“ за ќебето

Сигурно барем еднаш ви се случило во текот на ноќта партнерот да си го собере ќебето кај него и вие да смрзнете. Веројатно се случило и обратното, а факт е дека ова може да го наруши квалитетот на сонот.

Ако редовно се соочувате со овој проблем, најдоброто решение е да набавите две ќебиња или прекривки.

7-te-najchesti-problemi-na-parovite-koi-spijat-vo-ist-krevet-i-kako-da-se-spravite-so-niv-02.jpg

'Рчење

Обично ’рчењето е безопасно, но не и за партнерот кој мора да го слуша. Нормално дека нема да можете да заспиете ако вашиот партнер ’рчи цела ноќ, па добро би било да најдете решение за овој проблем.

Во овој случај најдобро е да се консултирате со лекар за да се осигурите дека ’рчењето не е предизвикано од некој здравствен проблем. Тој ќе ви даде и совети како да го намалите ’рчењето, без разлика која е причината за неговата појава.

Притоа, додека да најдете трајно решение за проблемот, можете да спиете со чепчиња за уши кои ќе ја намалат вревата од ’рчењето на партнерот - секако и за ова консултирајте се со стручно лице.

7-te-najchesti-problemi-na-parovite-koi-spijat-vo-ist-krevet-i-kako-da-se-spravite-so-niv-03.jpg

Ноќно потење

Многу луѓе се соочуваат со ноќно потење, а ако спијат со партнер, овој проблем станува заеднички. Ако вие или партнерот се потите во текот на ноќта, можеби треба да спиете во постудена просторија.

Истовремено, обрнете внимание на материјалот на постелнината и вашите пижами – најдобро е да бидат направени од природни материјали кои ѝ дозволуваат на кожата да „дише“.

Во ретки случаи ноќното потење може да биде предизвикано од некој здравствен проблем, па ако овие промени не ви помогнат да се справите со него, најдобро е да се консултирате со лекар.

Будење во текот на ноќта

Ако имате навика да се будите во текот на ноќта и потоа не можете да заспиете, немојте да седите во спалната соба. Бидејќи веројатно ќе сакате да вклучите светло или да го користите смартфонот, постои веројатност да го разбудите и партнерот. Наместо тоа, одете во друга просторија и вратете се во спалната дури кога ќе ви се преспие.

Истовремено, ако сакате целосно да се ослободите од овој проблем, направете некои промени – секоја вечер легнувајте си во исто време, спијте во темна просторија, не пијте кафе навечер и околу еден час пред спиење немојте да користите електронски уреди, туку релаксирајте се.

7-te-najchesti-problemi-na-parovite-koi-spijat-vo-ist-krevet-i-kako-da-se-spravite-so-niv-05.jpg

Несогласувања за температурата во собата

Експертите велат дека идеалната температура на спалната соба е околу 15-18 степени. Сепак, некои луѓе сакаат да спијат во постудена соба, а некои во потопла. Ако со партнерот не се согласувате во врска со температурата во спалната соба, важно е да најдете решение за овој проблем бидејќи може да ви го наруши квалитетот на сонот.

И во овој случај наједноставно е да користите различни прекривки. Односно, ако вие сакате потопла соба, немојте многу да ја загревате спалната, туку спијте со подебело ќебе и подебели пижами.

7-te-najchesti-problemi-na-parovite-koi-spijat-vo-ist-krevet-i-kako-da-se-spravite-so-niv-04.jpg

Различен распоред на спиење

Можеби вие сте ранобудни, но вашиот партнер е „ноќна птица“, па скоро никогаш не си легнувате во исто време. Важно е да знаете дека нема потреба да си легнувате заедно со партнерот – секој нека си го следи распоредот што му одговара најмногу.

Воопшто нема потреба да се мачите да останувате будни до доцна или да станувате многу рано само затоа што партнерот прави така.

Спиење со деца

Некогаш децата сакаат да спијат со своите родители, но неретко, ако детето е поголемо, на креветот нема доволно место за тројца, па едниот од родителите ќе биде присилен да стане. Затоа, ако вашето дете е доволно големо да спие во свој кревет, охрабрувајте го да го прави тоа.

Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме детето да спие со вас, но ако е големо и ова се случува често, обидете се да ја откриете причината. Ако, на пример, детето се плаши да спие само, објаснете му дека во неговата соба нема ништо страшно и дека вие сте тука ако му притреба нешто.

7-te-najchesti-problemi-na-parovite-koi-spijat-vo-ist-krevet-i-kako-da-se-spravite-so-niv-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg