8 јасни знаци дека сте ментално исцрпени
Менталната исцрпеност е симптом на долготраен стрес. Со оглед на тоа што понекогаш стресот може да трае со недели и месеци, целото тело има последици.
Кога непрестанато се занимавате со работа или активности кои ви го активираат стресот, нивото на кортизол и адреналин долготрајно останува висок.
На крај, тоа почнува да им пречи на нормалните функции на вашето тело.
Како да препознаете дека сте ментално исцрпени?
- Поретко се смеете од вообичаено, дури и во ситуациите кои обично ви се смешни и забавни.
- Ви се чини дека чувствата ви се отапени, па храната нема некој посебен вкус, музиката не ве придвижува, масажата не ви пружа задоволство и постојано посегнувате по црна и сива облека.
- Не можете да спиете, а очајно ви треба сон.
- Дружењето ви е отежнато. Кога сте со пријателите или семејството, чувствувате дека тешко ги следите разговорите.
- Лесно ве раздразнуваат гласови, звуци и движења. Се чувствувате нервозно.
- Раздразливи сте на ситници, како чекање во редица или долго разговарање на телефон.
- Почнувате да се чувствувате клаустрофобично.
- Полесно се расплакувате на филмови, тажни вести и сентиментални приказни.
М. Д. | Црнобело