Секојдневни ситници кои се успешна превенција против настинките и грипот
Во време на илјадници случаи заразени со Covid-19, настинката ни се чини како лесна работа. Но, секогаш најдобра опција е да ги спречите сите шанси за настинки и грип.
Овие ситници можете да ги правите секојдневно за да го зајакнете имунитетот и истите делуваат како превенција:
Препорачливо е...
- Да избегнувате шеќери, бидејќи тие создаваат поволен простор за развивање на инфекции во организмот.
- Да додадете малку морска сол и ѓумбир во купката.
- Наутро и навечер да го истриете целото тело со топла крпа од стапалата кон главата. Масирајте ги нозете, стомакот, рацете, грбот. Едноставно и делотворно.
- Правите инхалации со жешка вода и етерични масла.
- Да додавате малку лук во секој оброк кога и да имате шанса.
- Да консумирате витамин Ц и преку исхраната и како суплемент.
- Да не го заборавате и цинкот како додаток во исхраната.
- Редовно да консумирате топли пијалаци.
- Да одржувате хигиена на рацете и да не ги допирате носот, устата и очите.
- Да внесувајте многу течности.
- Да спиете доволно и да го контролирате нивото на стрес во текот на денот.
- Не заборавајте да се движите и да останете активни.
М. Д. | Црнобело