5 причини поради кои тестот за бременост може да е лажно позитивен
Лажно позитивниот тест на бременост може да предизвика низа на емоции, кои не секогаш се пријатни.
Но, што е воопшто лажно позитивниот тест и зошто се случува?
Што поточно може да влијае на лажно позитивниот резултат?
1. Сте имале хемиска бременост
Така се нарекуваат бременостите кои завршиле прерано, уште пред да можат да бидат утврдени. Во основа, сперматозоидите успеале да ја оплодат јајце клетката и се создал ембрион, но ембрионот не напредувал.
2. Сте имале ектопична бременост
Ектопична бременост е онаа во која фетусот се развива надвор од матката, односно во јајцеводите или во каналот. Ако тоа се случи, може да добиете позитивен тест, но и тоа оплодување нема да издржи долго надвор од матката.
3. Пребрзо се тестиравте по породувањето или спонтаниот абортус
Ако сте претрпеле спонтан абортус или неодамна родивте, нивото на хормонот останува покачен дури 4 до 6 седмици.
4. Не сте го направиле точно тестот
Домашните тестови за откривање на бременост се 99% точни, но само ако се користат правилно. Затоа, важно е да го прочитате упатството на секој тест поединечно.
5. Користите лекови кои содржат хормони
Повеќето лекови нема да влијаат на резултатот на тестот, но ако користите хормонски терапии, посебно инјекции кои се користат за поттикнување на овулација, може да предизвикаат лажно позитивен тест.
Доколку сакате да бидете 100% сигурни, секако, најдобо е да посетите гинеколог.
М. Д. | Црнобело