Ова не треба да јадете...
Моќниот маркетинг и лесната достапност си го направија своето, но колку од оваа храна која е евтина и вкусна е и добра за јадење? Ова се неколку...
...состојки кои е најдобро комплетно да ги отфрлите од својата исхрана, или барем да ги редуцирате доколку сте навикнати да ги консумирате.
1. Преработено месо. Како што наведува Американскиот институт за истражување на карциномот, месото кое е обработено со помош на дим, сол, сушење или кое содржи хемиски адитиви, поврзано е со зголемен ризик за рак на дебелото црево. Таквите производи содржат многу соли, масти и холестерол, а малку хранливи состојки.
2. Маргарин. Се произведува од растително масло. Високата температура во процесот на изработка ги уништува антиоксидантите во маслото и настануваат слободни радикали кои можат да предизвикаат големи оштетувања на клетките и да го зголемат ризикот од појава на рак.
Маслото се стврднува на брутален хемиски начин, со постапка на хидрогенација или естерификација. Во овие процеси се користат хемикалии чии остатоци се наоѓаат во готовите производи на полиците во продавниците.
3. Чипс. Сигурно ви е познато дека се преполни со масти. Но, она што можеби не сте го знаеле е дека чипсот содржи акриламид, познат канцероген кој настанува кога храната се пече или пржи на високи температури.
„Проценето е дека акриламидот предизвикува неколку случаи на канцер кај американците во текот на една година“ – вели Дејл Хатис од Универзитетот Кларк.
4. Газирани пијалаци. Ова е најлесен начин за добивање вишок килограми (просечна лименка содржи 10 лажици шеќер).
Консумирање повеќе од 1 литар газиран пијалак во текот на денот го зголемува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести како и ризик од развивање на дијабетес.