Реално или претерано - Како ќе изгледа еден просечен човек после 25 години работа од дома? (фото)

Тим истражувачи од DiretlyApply направија фоторобот кој покажува како луѓето кои постојано работат од дома, може да изгледаат по 25 години.

realno-ili-preterano-kako-ke-izgleda-eden-prosecen-covek-posle-25-godini-rabota-od-doma-1.png

На направениот робот му го дале името Сузан, а Сузан била создадена со помош на тим од клинички психолози и фитнес стручњаци кои го утврдиле влијанието на работата од дома.

Моделот прикажува какви промени би можеле да се случат ако 25 години секојдневно работиме од дома, пред лаптоп или компјутер, без доволно физичка активност.

Долготрајното гледање во екран доведува до крвави и воспалени очи, иритација и замаглен вид.

Лошото држење е исто така негативна последица како недостаток на физичка активност. Подгрбавеноста, пропратена со грчеви и здрвеност на вратот се само дел од предвидувањата.

Губењето на косата ќе биде предизвикано од недостаток на витамин Д.

Подочниците се влошуваат кога долго време ги напрегате очите.

Брчките и исушената кожа исто така се последица од недостаток на витамини – Д и Б12.

Сето тоа би изгледало некако вака во средните години – што мислите дали е ова реално или малку претерале?

realno-ili-preterano-kako-ke-izgleda-eden-prosecen-covek-posle-25-godini-rabota-od-doma-002.jpg

realno-ili-preterano-kako-ke-izgleda-eden-prosecen-covek-posle-25-godini-rabota-od-doma-003.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg