Антисперматозоидни антитела – „aлергија“ на семена течност
Да, постои и вакво нешто за жал. И не само жените, туку и мажите можат да развијат антитела на сопствената семена течност.
Што е тоа „алергија“ на сперма?
Некогаш се случува имунолошкиот систем кај луѓето да ја гледа семената течност како патогена материја и за да го одбрани своето тело, организмот почнува да создава антитела против неа.
Тоа се т.н. антисперматозоидни антитела кои може да бидат причина за неплодност. Тие ја спречуваат спермата да допре до матката и да ги оплоди јајце клетките.
Посебни симптоми за оваа состојба нема. Фактички, единствен симптом е неплодност кај еден или двајцата партнери.
Антисперматозоидните антитела можат да бидат отежнувачки фактор во 5% до 10% од случаите со неплодност.
Што може да го испровоцира имуниот систем да создава вакви антитела?
Генитални инфекции, абнормалности во машкиот генитален тракт, вазектомија или варикокела (проширена вена во тестисите) можат да предизвикаат создавање на антитела.
Партнерките на мажите со абнормални сперматозоиди се исто така со зголемен ризик од развој на антисперматозоидни антитела.
Кај мажите, анализата на семената течност може да покаже дали имаат слабо подвижни сперматозоиди и потоа да се направат додатни испитувања.
Присутноста на овие антитела не значи дека парот не може да има дете. Постојат два начини за оплодување:
- Интраутерична инсеминација
- Ин витро
Ретки се случаите кога жените имаат вистинска алергија на семената течност – ова може да доведе до шок после полов однос, а состојбата да биде опасна по живот.
E. П. | Црнобело