5 ужасни лаги во кои вашата анксиозност прави да верувате
Лага 4: Вие сте неспособни да го направите тоа. Анксиозноста ве убедува дека немате вештини и ви ги убива сите соништа.
Анксиозноста се всадува длабоко во вашата глава и ви ја менува перцепцијата за себе, за луѓето и светот.
Таа прави да верувате дека светот е многу поопасно место за живот од што е и дека не смеете да верувате никому. Како резултат на тоа вие сте заробени и тоа ви го обликува целиот живот.
5 лаги во кои анксиозноста прави да верувате:
Лага 1: Не можете да верувате никому.
Вие мислите дека сите сакаат да ве повредат, имаат сомнителни намери и се плашите од интимност. Секогаш барате скриена агенда која не постои.
Лага 2: Никој не ве сака.
Анксиозноста прави да верувате дека вие не сте добро друштво и на луѓето им е здодевно со вас. Имате сериозен проблем со самодовербата и сметате дека не ја заслужувате љубовта од луѓето.
Лага 3: Сите ве исмејуваат.
Постојано сте загрижени дека фризурата не ви е совршена или поради тоа што погрешно се изразивте пред колешката, верувате дека луѓето потајно ве исмејуваат, а тие всушност не ги ни забележуваат вашите „несовршености“.
Лага 4: Вие сте неспособни да го направите тоа.
Без разлика дали е мала работа или одлука што го менува животот, вие имате иритантен глас во главата кој ве обесхрабрува да се обидете било што. Анксиозноста ве убедува дека немате вештини и ви ги убива сите соништа.
Лага 5: Светот е опасно место.
Светот е непријателско место полно со опасни и злобни луѓе. Се фокусирате на негативните аспекти од животот и се повлекувате во себе.
Анксиозноста ве спречува да растете како личност и да се изборите со неа е навистина тешко. Не очекувајте дека битката ќе ја добиете преку ноќ, потребни се одлучност, напор и мали чекори.
Да препознаете дека анксиозноста прави да верувате во ужасни лаги е првиот чекор кон живот без анксиозност.
С. С. | Црнобело