Справете се со иритацијата и болката во грлото брзо и ефикасно

Колку и да е честа болката во грлото, истата не смее да биде игнорирана и особено е важно брзо и ефикасно да се третира, бидејќи твоето грло е твоја моќ!

spravete-se-so-iritacijata-i-bolkata-vo-grloto-brzo-i-efikasno-01.JPGфото: freepik.com

Без разлика дали е предизвикано од настинка, вируси, бактерии, иритација од ниска влажност или загаден воздух, напрегање на гласните жици, чувството на болка, чешање или иритација во грлото е навистина непријатно, па затоа најчесто бараме брзо и ефикасно решение.

Како настануваат овиe  непријатни состојби на грлото?

Причините за појавата на болно грло можат да бидат од различна природа, некои посериозни, но почесто помалку сериозни. Како главен „виновник“ најчесто се вирусите. Ова е добра вест, бидејќи вирусните инфекции на грлото брзо исчезнуваат и доволна е лична и домашна нега за справување со истите.

Вирусните инфекции ќе ги препознаете бидејќи најчесто се пропратени со други симптоми, како оние за настинка, односно кашлица, затнат и растечен нос, а понекогаш и главоболка и малаксаност. Она што е важно е дека ваквите, вирусни инфекции не се лекуваат со антибиотик.

Поретко, болките во грлото се предизвикани од бактерии за чие справување потребен е медицински, стручен третман и соодветна терапија препорачана од вашиот матичен лекар.

Викни гласно и не дозволувај да те спречи болката во грлото!

Постојат неколку начини како да ја спречиме појавата на болка, чешање и гребење во грлото.

Најдобар начин за превенција на вирусните и бактериските инфекции на грлото, особено во сезоната на грип и настинка, е одржување на редовна лична хигиена, а особено хигиена на рацете и избегнување на контакт со устата, носот и очите.

Одржувајте го домот проветрен, а воздухот влажен. Дишете преку нос, а помалку на уста. Носот има природни механизми за навлажнување на воздухот кој го дишете.

Контактот со луѓе кои имаат грип или настинка доведете го на минимум. Вирусните и бактериските инфекции се лесни за пренесување од човек на човек. Затоа, избегнувајте и допир на површини со кои болните лица имале контакт.

Јадете здраво, внесувајте доволно течности и обезбедувајте си доволно време за одмор.

Но што доколку вашето грло сепак страда од болка и иритација?

Во нашата култура е многу застапена примената на препарати за лекување кои се подготвуваат во домашни услови, кои главно се темелат на различни билки, растителни чаеви, храна која содржи витамини, солена вода, оцет и слично.

Овие техники за ублажување на болката најчесто се применуваат во форма на гаргара на грлото и иако можат да дадат одредени резултати, сепак, се помалку ефикасни во третман на болка во грлото бидејќи активните состојки не стигнуваат до пределот на грлото, па така овој начин може да биде долг и помалку ефикасен.

За брзо и ефикасно справување со болката во грлото, потребен е третман кој влијае на отстранување на причините за појава на инфекцијата и ги лекува болката и воспалението.

Септолете тотал е соодветен за употреба како во почетните фази на иритација на грлото, така и при болно и отечено грло, бидејќи има брз почеток на дејство и клинички докажана ефикасност и безбедност. Достапен е во форма на пастили и во форма на спреј за возрасни и деца над 6 години.

Кога вашето грло е надразнето, отечено и болно, најдобро е да го третирате со препарат со тројно дејство. Септолете тотал со својата единствена комбинација на две активни состојки овозможува тројно дејство. Бензидаминот овозможува ублажување на болката и воспалението во грлото, а цетилпиридиниумот истовремено ги отстранува причините за инфекцијата.

Комбинацијата на овие две активни состојки обезбедува тројно дејство, противвоспалително, аналгетско и антисептично. Дополнително, не содржи шеќер со што се грижи за вашето здравје.

Вашето грло ќе биде повторно моќно, подготвено да викне гласно и да ви помогне да се справите со секојдневните предизвици и во остварување на позитивни промени околу вас.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg