Комбинирајте 3 бои зеленчук
Многу се зборува за тоа дека е неопходно да се внесуваат витамини и минерали неопходни за организмот. Може да биде проблематично да се...
...запомни што точно и во колкава мерка во кој вид намирница го има. Работите би биле поедноставни кога би постоело некое правило за поедноставно помнење. Такво правило, за среќа постои.
Секако се работи за поедноставување, но применливо поедноставување.
Правилото за кое зборуваме е следното: за да истовремено внесете доволно калории, но и доволно витамини и минерали потребно е во чинијата секогаш да имате три бои на зеленчук. Тие бои се: зелена, црвена и бела.
Во црвен зеленчук спаѓаат: цвеклото, црвената зелка, доматот, морковот ( всушност тој е портокалов, но блиску е до црвената боја).
Во зелен зеленчук пак спаѓаат: обичната зелка, зелената салата, кељот, брокулата, грашокот, боранијата.
А, во бело: оризот, гравот, карфиолот, компирот, лукот. Белите намирници се ние кои ќе ви ја обезбедат потребната енергија.
Секако во оваа приказна можете да воведете и овошје и тоа по истиот принцип, со тоа што овошјето е подобро како ужина, а за „полн оброк“ неопходно е нешто поконкретно.
Значи, ако сакате да сте сигурни дека сте внеле во организмот доволен број калории и сите неопходни витамини и минерали, не е неопходно да станете експерт нутриционист, ниту да ги помните калориметриските таблици - само запомнете дека во чинијата треба да има шаренило од зелена, црвена и бела боја и вашето тело ќе го прими она што му е неопходно.
Овде не станува збор за протеини и масти, кои воглавно се внесуваат со месото и рибата, но повеќето од нас и онака консумираат повеќе протеини и маснотии отколку што му е потребно на организмот.