Избегнувајте газирани пијалаци
Газираните пијалаци знаат да бидат вистинско освежително задоволство. Но, истовремено може да зададат опасен удар на вашиот имунитет. Ова се...
...неколку факти за газираните пијалаци:
1. Луѓето кои пијат газирани сокови наместо здрави пијалаци (како млеко или чист овошен сок) имаат помали шанси да ја внесат соодветната доза витамин А, калциум и магнезиум.
Освен тоа, газираните пијалаци содржат фосфорна киселина која го црпи калциумот и магнезиумот. Имено, овие два елементи помагаат во одржување на ефикасноста на имунолошкиот систем.
2. Газираните пијалаци обично содржат и високо гликозен пченкарен сируп, т.е. високо ниво на слободни радикали кои се во врска со оштетените ткива и кожа доведуваат до развој на дијабетес и следствени компликации.
3. Пластичните шишиња во кои се чуваат газираните сокови содржат токсична хемикалија бисфенол А. Се повеќе докази ја поврзуваат оваа хемикалија со разни болести, вклучувајќи и слабеење на имунолошкиот систем.
Експертите препорачуваат децата да се заштитат од изложување на производи кои содржат БПА, особено оние кои се наменети за секојдневна употреба.
4. Диеталните газирани пијалаци, всушност придонесуваат за таложење килограми. Истражување спроведено на 1.550 луѓе покажало дека оние кои пијат вакви сокови имаат 41% поголем ризик за зголемување килограми, кој расте со секое шишенце кое го пијат во текот на денот.
Се чини дека слаткиот вкус му сигнализира на телото да складира масти и јаглени хидрати, што го прави човекот гладен. Слаткиот вкус стимулира и лачење на инсулин и ова го блокира телото во согорувањето на мастите.