Митови за корона вирус за кои експертите тврдат дека се лажни

Како што коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, расте и паниката на луѓето.

mitovi-za-koronavirusot-za-koi-eskpertite-tvrdat-deka-se-lazhni-01.JPG

Притоа, насекаде слушаме и читаме разни информации за вирусот, од кои голем дел се покажале како лажни. Проблемот е што со ширењето дезинформации, може да се загрози и безбедноста на луѓето, но и да се создаде непотребна паника.

Во продолжение прочитајте нешто повеќе за мислењето на експертите во врска со коронавирусот и митовите што кружат за него:

Маските ќе ве заштитат од вирусот

Експертите сметаат дека маските можеби го намалуваат ризикот да го „закачите“ вирусот, но многу поважно е да ги миете рацете.

Евтините маски што ги покриваат носот и устата можат да го спречат ширењето на инфекција, но само ако се носат правилно и постојано.

Сепак, многу експерти тврдат дека нема доволно научни докази што ја потврдуваат нивната ефикасност - повеќето истражувања на оваа тема се фокусираат на заштитата на медицинските лица кои работат со заразени пациенти.

Добро е што овие маски ќе ве заштитат ако некој кивне до вас, но повеќето луѓе си го допираат лицето под маската и станува очигледно дека миењето на рацете е многу поважно.

Доколку сепак одлучите да носите маска, осигурете се дека е добро прицврстена и не допирајте го лицето под неа.

Од Светската здравствена организација советуваат да не ги трошиме маските залудно и да ги носат само луѓето кои забележале симптоми како кашлање и кивање, или се сомневаат дека се заразени.

mitovi-za-koronavirusot-za-koi-eskpertite-tvrdat-deka-se-lazhni-02.JPG

Коронавирусот е направен во лабораторија

Изгледа дека со секоја епидемија се појавува и теоријата дека болеста е направена во лабораторија. Сепак, колку и да сакате да верувате во ова, засега нема никаков доказ дека вирусот е направен од човек.

Коронавирус е всушност фамилија вируси кои предизвикуваат разни болести кај луѓето или животните.

За неколку коронавируси е познато дека предизвикуваат респираторни инфекции, а ваков е вирусот САРС. Најново откриениот коронавирус ја предизвикува болеста Ковид-19.

Според СЗО, новиот коронавирус и болеста што ја предизвикува беа неоткриени сѐ до појавата во Кина во декември минатата година. Бидејќи со текот на времето вирусите можат да мутираат, се верува дека ист е случајот и со овој.

mitovi-za-koronavirusot-za-koi-eskpertite-tvrdat-deka-se-lazhni-04.JPG

Ковид-19 е смртна пресуда

Бројките кажуваат дека ова е само мит. Засега научниците сметаат дека во 1.000 случаи, само 1-40 ќе имаат фатален исход.

Според BBC, сето ова зависи од многу фактори – возраст, пол, целокупно здравје, но и здравствениот систем на државата, а најниска стапка на смртност имало кај пациентите помлади од 30 години.

Според истражување од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објавено на 18-ти февруари, 81% од заразените имале блага форма на Ковид-19 и се надвор од смртна опасност.

Наводно, само 4,8% од случаите се критични, а податоците покажуваат дека околу 2,3% од инфицираните починале од вирусот.

mitovi-za-koronavirusot-za-koi-eskpertite-tvrdat-deka-se-lazhni-05.JPG

Можете да се заразите од вашиот миленик

Според СЗО, коронавирусите се честа појава кај животните. Но, ретко кога луѓето се инфицираат од нив.

Од организацијата велат и дека нема податоци за заразени домашни миленици, ниту пак има докази дека милениците можат да ја пренесат болеста.

Пред некој ден во Кина имаше случај со куче кое наводно било заразено со коронавирус, но според многу експерти, тестот се покажал позитивен поради зголеменото присуство на вирусот и поради фактот што неговата сопственичка била заразена. Но, најверојатно милениците не претставуваат опасност.

Сепак, од СЗО советуваат добро да ги приготвувате продуктите од животинско потекло и да избегнувате контакт со многу животни.

mitovi-za-koronavirusot-za-koi-eskpertite-tvrdat-deka-se-lazhni-06.JPG

Пратките од Кина се небезбедни

Според СЗО, пратките од Кина се безбедни.

Некои истражувања покажаа дека коронавирусите не преживуваат долго на предмети. Земајќи ги предвид податоците за сличните коронавируси, експертите сметаат дека и овој не издржува долго без „домаќин“.

Едно истражување покажало дека сличните коронавируси преживуваат и до 9 дена на површини како метал, стакло или пластика, но поштенските пратки не биле поволна околина за нив.

СЗО тврди дека можноста да се заразите од пратка која била преместувана, која патувала и која била изложена на секакви временски услови и температури, е многу ниска.

mitovi-za-koronavirusot-za-koi-eskpertite-tvrdat-deka-se-lazhni-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg