Жена болна од Кока Кола
Судот во Малме, Шведска досуди на една жена која е зависник од кокакола да и биде овозможен болнички третман за нејзиниот проблем. Жената која била...
...глува уште од детството, конзумирала големи количини на кока-кола, како и други слатки во текот на годините.
Нејзините нездрави навики на исхрана и донеле многу болести како дијабетис и висок крвен притисок.
Жената тврди дека почнала да пие кока-кола поради својот хендикеп, а од неодамна почнала јавно да се бори за да и биде овозможен медицински третман за нејзината зависност.
Локалните здраствени власти потврдиле дека жената има проблем, но исто така изјавиле дека на неа не и е потребна медицинска помош.
Но, локалниот суд мисли поинаку, и и дозволил на жената да се пријави во клиника за глувонеми каде би можела да ја лечи и својата зависност.