Промени на телото и во однесувањето кои можеби се знак за некој проблем
Ако сте стекнале некоја нова необична навика, ако се појавила желба за одредена храна или сте забележале некоја друга чудна промена, тогаш можеби вашето тело се обидува да ви каже нешто.
Неретко, наглите промени на телото и во однесувањето можат да бидат знак за некаков проблем, па добро би било да им обрнувате внимание.
Се разбира, најчесто нема простор за паника, но добро е да знаете кога вашето тело се обидува да ви каже дека можеби има некој проблем:
Чувство на трнење во нозете
Ако чувствувате трнење во нозете и стапалата или имате потреба постојано да ги мрдате, тогаш може да се соочувате со синдром на немирна нога.
Ова е безопасно нарушување, но може да предизвикa неудобност, особено навечер кога сакате да одмарате.
Здебелување на кожата
Не би требало да ги игнорирате проблемите и промените на кожата.
Ако забележите дека на некои делови вашата кожа е здебелена, па дури и ве чеша, тоа може да биде знак за внатрешен проблем. Причината може да биде хормонална нерамнотежа, егзема, алергии…
Ако проблемот трае подолго време или ако се влошува, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Промена во ракописот, намалено сетило за мирис и напнати соништа
Секој има слушнато за Паркинсонова болест, но малкумина ги знаат симптомите.
Тресење, забавено движење, лошо спиење, кошмари и промени во говорот и ракописот се само некои од симптомите на болеста.
Нормално, не значи дека секој од овие симптоми е знак за Паркинсонова болест. Па, немојте да се дијагностицирате сами и доколку сте загрижени, консултирајте се со лекар.
Гнев и агресивно однесување
Испадите на гнев не секогаш се поради карактерот на личноста.
Според некои истражувања, ако одеднаш сте почнале да се однесувате агресивно, можеби страдате од депресија.
Депресијата не е секогаш карактеризирана само со тага и недостаток од енергија - агресивноста е исто чест симптом.
Премногу спиење
Постои нарушување наречено хиперсомнија и најчесто причината не е заморот.
Покрај тоа, некои автоимуни болести можат да ја зголемат потребата за сон. Исто влијание може да има и прекумерното пиење алкохол.