Трикови со кои ќе го зголемите нивото на енергија

Ако сметате дека вашето енергетско ниво е намалено, сметајте дека спаѓате во просекот. Околу 75% од луѓето ги чувствуваат физичките симптоми на стресот, вклучувајќи го и недостатокот од енергија. 

Podignete go nivoto na energijata so pomos na ovie trikovi 01

Можеби некои навики ве прават неверојатно летаргични, па разумно е да се сменат некои работи за да си ја „вратите“ енергијата.

Овие трикови ќе ви помогнат во тоа:

Џвакање храна

Џвакањето е многу важен дел од дигестивниот процес. Покрај тоа, џвакањето му помага на вашето тело да ги разложи хранливите материи и да ги претвори во енергија.

Варењето на храната е прилично тежок процес, така што ако храната не се џвака добро, вашето тело треба да работи многу повеќе за да ја разгради. Со тоа ќе потроши повеќе енергија, па вие ќе се чувствувате уморно.

Направете 250 чекори повеќе

Повеќе движење значи и подобра циркулација на крв, а со тоа и повеќе енергија.

Со едноставно додавање на 250 чекори во дневниот просек секоја недела, ќе ги тренирате мускулите, енергетскиот систем и умот, и генерално ќе се чувствувате подобро.

Консумирајте помалку кафе

Иако кофеинот го спречува вашиот мозок да прима аденозин, истото не го спречува вашето тело да го произведува. Кога кофеинот ќе престане да работи, аденозинот се акумулира, предизвикувајќи енергетски пад.

Ако пиете помалку кафе, особено навечер, вашата енергија ќе биде постабилна. Ова не значи дека треба да се откажете од кафето, туку внимавајте да не претерате.

Podignete go nivoto na energijata so pomos na ovie trikovi 02

Дишете длабоко

На вашите клетки им е потребен кислород за енергија. Значи, кога дишењето е „слабо“, вашето тело не се чувствува добро.

Плиткото дишење е уште еден несакан ефект од стресот. Ако не дишите доволно длабоко, доволно често, испраќате сигнали до вашиот нервен систем што дополнително ја зголемуваат вашата вознемиреност.

Внесувајте повеќе течности

Кога сте дехидрирани, вашиот крвен притисок се намалува, срцебиењето се зголемува и дотокот на крв до мозокот се забавува - сето ова може да ве направи уморни.

Пијте доволно вода и вашето тело ќе функционира подобро, а заморот сигурно ќе се намали.

Проверете ја бојата на урината - треба да биде светла доколку сте доволно хидрирани.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg