Носите претесни фармерки, чувате влошки во тоалетот – грешки што упорно ги повторувате при интимната хигиена

Интимната хигиена е многу деликатна тема. За жал, малкумина одлучуваат да зборуваат за истата. Некои жени дури и се срамат да се посоветуваат со својот доктор кога станува збор за хигиената на нивниот полов орган.

Greski-sto-uporno-gi-povtoruvate-pri-intimnata-higiena-01.jpg

Токму од тие причини, жените имаат тенденција да ги повторуваат истите грешки постојано, а со тоа да предизвикуваат здравствени проблеми. Кои се најчестите грешки на жените во однос на интимната хигиена?

Погрешно се бришете и употребувате премногу средства за интимна хигиена

Всушност, многу жени погрешно ја употребуваат тоалетната хартија после малата нужда. Правецот на движење на хартијата е однапред кон задниот дел на телото, односно задникот. Никогаш обратно во правецот на вагината односно предниот дел.

Дали сте од оние кои се опседнати со средства за интимна хигиена? Всушност не е забрането да се употребуваат сè додека ја насочите употребата кон надворешниот дел. Средствата за интимна хигиена не се наменети за внатрешна употреба, директно во вагината.

Носите претесни фармерки

Доколку носите претесни фармерки или долна облека, вагиналната микрофлора e нарушена и се активира т.н. патогена микрофлора предизвикувајќи бактериски инфекции како бактериска вагиноза, вагинална кандидијаза или трихомонијаза.

Носите долна облека која не е 100% памучна

Материјалите како синтетика, полиестер го зголемуваат ризикот од вагинални инфекции затоа што овој тип на материјали ја задржува влагата во себе, за разлика од памукот којшто „дише“. Топлата и влажна средина е идеално место за размножување на бактерии.

Препораки:

1. Секогаш давајте ѝ предност на 100% памучна долна облека или други природни материјали.

2. Менувајте ја долната облека најмалку еднаш дневно, па дури и почесто доколку има потреба.

3. Перете ја долната облека со хипоалергенски детергенти.

4. Сменете ја сета долна облека целосно еднаш годишно.

Ги чувате влошките и тампоните во тоалетот

Многу жени ги чуваат овие работи наменети за менструалниот циклус во тоалетот. Но не заборавајте дека тие имаат способност да впиваат влага.

Тампоните ќе се расипат побрзо бидејќи ќе ја впијат влажноста од туширањето. Воедно, тоалетот е место со многу бактерии, па и влошките и тампоните се изложени на истите.

Чувајте ги на суво и темно место.

Опседнати сте со интимната чистота

Женската вагина е орган којшто се чисти сам од себе, со природен механизам за само прочистување што не дозволува развој на инфекции и патогени микроорганизми.

Не заборавајте дека лактобацилите се компоненти на нормалната микрофлора и го одржуваат правилното ниво на pH-вредност, заштитувајќи ја вагината од инфекции. Со пречестото миење овој систем едноставно е неодржлив и ќе се расипе.

Го носите мокриот костим за капење предолго на себе

Кога вашиот костим за капење е мокар, создава буквално идеална средина за развој на бактерии или уринарни инфекции. Затоа не се задржувајте во мокриот костим за капење премногу долго. Сменете го најбрзо што можете со чисти, суви алишта.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg