Како спиењето за време на викенд ве дебелее?
Дали и вие едвај чекате викенд за да ги надокнадите часовите сон, кои ви недостасуваат во текот на неделата?
Оние кои за викендот обожаваат да отспијат повеќе од вообичаено може да патат од негативни здравствени проблеми поради оваа навика.
Иако вие мислите дека најпаметно е да спиете подолго за време на викендите, сепак најдобро би било да се држите до изедначениот ритам, исто како и во текот на неделата.
Со тоа што станувате подоцна, појадокот се поместува, но и секој нареден оброк.
На крајот од денот така завршувате со доцна вечера, па така килограмите полесно се таложат. На овој начин си го изместувате начинот на исхрана, што никако не е паметно, посебно ако сакате да намалите некој килограм.
М. Д. | Црнобело