Три совети за да го избегнете секојдневниот стрес кој непотребно ве мачи

Се будите доцна и мора брзо да се облечете за да стигнете на работа. Брзате низ кујната и пиете кафе. Пред да излезете сфаќате дека не го земавте паричникот и слично...

Tri vazni soveti protiv stres koi sekogas ke vi se najdat 01

Ова сценарио ви звучи познато? Ако истото ви се случува често, време е за неколку промени во вашиот начин на размислување.

Ова се три важни совети против стрес кои секогаш ќе ви се најдат:

Посветете се на една работа

Извршувајте ги задачите една по една и посветете ѝ се на работата што ја правите. Уживајте во неа, почувствувајте како ве напушта потребата да ја завршите задачата што побрзо за да ѝ се посветите на следната обврска.

Ослободете се од идеализација

Стресот често не е предизвикан од надворешни фактори, работа или семејни проблеми, тоа се само делови од нашите животи. Стравот го создава стресот.

Страв од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, стравуваме дека некој ќе нè напушти…

Коренот на стравот лежи во идеалот што го создаваме на самите себе, а потоа се плашиме дека нема да го достигнеме. Кога сфаќаме дека тоа е невозможно се разочаруваме.

Подобро е да ја прифатиме неизвесноста и да веруваме дека сè ќе биде добро. Ќе се плашиме помалку, а нашиот стрес ќе биде значително намален.

Прифатете го однесувањето на другите со насмевка

Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат онака како што мислиме дека треба. Наместо да гледаме на тоа како на нешто вознемирувачко, треба да се обидеме да ги прифатиме другите.

Ако ги прифатиме такви какви што се, ќе препознаеме во нив дел од нас. Сите бараме среќа, и се бориме за истата како што мислиме дека треба.

Затоа, прифатете ги другите со насмевка, уживајте во вашето време со нив и ќе бидете посреќни.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg