Што е Корона вирусот - како се препознава и пренесува?
2765 луѓе починаа од Корона вирусот досега, а се смета дека вирусот се проширил поради нелегално продавање на диви животни во Кина. 30.192 луѓе успешно се изборија со вирусот.
Светот е претпазлив, а вие вреди да бидете информирани барем за најосновното – што е, кои се симптомите, како се пренесува? Секако, без паника, само бидете претпазливи.
Симптоми
Корона вирусот ги напаѓа горните дишни патишта и се манифестира со симптоми слични на настинка, а често се јавуваат и главоболки и зголемена температура која може да трае неколку дена.
Ризична група се лицата со послаб имунолошки систем, односно децата и повозрасните лица.
Со оглед на тоа што симптомите се како на настинка, консултирајте се со лекар, но не кревајте паника, сепак во голем дел случаи може да се работи за обична настинка.
Како се пренесува?
Кога се работи за пренесување, за Корона вирусот е потребен контакт со заболено лице, како би се пренел.
Во зависност од тоа колку вирусот е агресивен, може да се пренесе преку секрет, односно преку кашлање и кивање, а дури и преку допир при ракување.
Вирусот може да се пренесе со допирање на предмети кои ги допрела инфицирана личност, посебно ако потоа ги допрете очите, носот или устата.
Зошто ризичните вируси најчесто потекнуваат од Кина?
Поради големиот број на луѓе кои живеат релативно близу до животни. И Корона вирусот има животинско потекло.
Постои ли нешто што можеме да направиме за да се заштитиме?
Не постои вакцина против овој вирус, а основната хигиена е единствената која може да го намали ризикот.
Докторите се обидуваат да дадат подетални информации, но бидејќи се работи за релативно нов вирус, има уште многу да се проучува.
Работи кои може да ги направите за да се заштитите колку што е можно повеќе:
М. Д. | Црнобело