Едноставни вежби што ќе ви помогнат да се ослободите од рамните стапала
Рамните стапала се најчестиот деформитет на стапалата.
Овој деформитет го имаат речиси сите деца, но со текот на времето би требало да се среди.
Сепак, понекогаш деформитетот останува и може да биде причина за многу проблеми – неправилна распределеност на тежината, болки во зглобовите и слично.
Но, постојат неколку вежби што можат да го решат овој проблем.
Терапевтската гимнастика е препорачлива за луѓето со рамни стапала на секоја возраст. Кога лекарите ќе го дијагностицираат проблемот, најчесто препорачуваат ортопедски обувки, физиотерапија и секојдневна гимнастика.
Се разбира, важно е да се консултирате и со вашиот лекар доколку го имате овој проблем, но дома можете да ги пробате следниве вежби:
1. Седнете на стол и поставете ги рацете зад грб. Испружете ги нозете напред и бавно вртете ги стапалата во насока на стрелките на часовникот. Направете 10 повторувања, а потоа променете ја насоката и повторете уште 10 пати.
2. Застанете исправено и полека подигнете се на прсти. Останете во положбата 1-2 секунди, а потоа застанете на вашите пети. Повторувајте ја вежбата 20 до 30 пати во текот на денот.
3. Во седната положба, свиткајте ги стапалата нагоре, а потоа надолу. Држете 1 до 2 секунди и променетe ja положбата.
4. За оваа вежба ќе ви треба топче за тенис. Седнете на стол и со стапалото тркалајте го топчето на подот. Ако немате топче, можете да ги масирате стапалата со масажер.
5. Истурете пенкала, џамлии или други мали предмети на подот и обидете се да ги фатите со прстите на нозете. Со секое стапало фатете по 10 предмети.
6. Во текот на денот, често правете пауза и ротирајте ги стапалата. На овој начин ќе го подобрите дотокот на крв.
Спирова С. | Црнобело