Упорни афти – Зошто настануваат и како побрзо да ги излечите?

Афтите се ранички во устата и се појавуваат кај 20% од луѓето. Почесто се појавуваат кај жените и помладите лица.

uporni-afti-zosto-nastanuvaat-i-kako-pobrzo-da-gi-izlecite-001.jpg

Стресот, слабиот имунитет, слабокрвноста, болестите на желудникот и цревата, како и одредени лекови, може да потпомогнат во нивното формирање.

Малечките се околу 1 сантиметар, во просек опстојуваат од 7 до 14 дена и не оставаат лузни.

Големите афти се оние над 1 сантиметар и можат да траат од 4 до 6 недели и многу бавно зараснуваат, бидејќи се работи за подлабока рана.

Најчесто се појавуваат под јазикот, на слузницата на образите како и на јазикот. Потсетуваат на херпес, но немаат сличност со него.

За да ги ублажите болките, прво внимателно мијте ги забите. Користете меки четки.

Кога имате афта избегнувајте цврста храна како корки од леб, чипс, тврдо месо или пржена риба. Тоа само ја зголемува болката и ја раздразнува афтата.

Избегнувајте кисели и силни пијалаци, како и алкохол. Истото важи и за зачините.

Жешката храна само ги влошува симптомите.

Превентивно, може да ја промените и пастата за миење на заби и да преминете на некоја со поблаги состојки.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg