5 брзи начини за опуштање
Ако ве притисне стресот, вознемиреноста и секојдневните грижи, можеби е време да си посветите малку повеќе внимание себе си. Ова се 5 совети како...
...брзо да се опуштите:
1. Пронајдете мирно место – ова може да биде малку потешко ако сте на работа или дома со децата. Но, на сите ни е потребна малку приватност за да ни се регенерира нервниот систем. Бидете креативни и пронајдете го своето катче.
2. Излезете надвор, прошетајте. Ова навистина спасува. Само 15 минути прошетка на свеж воздух, ќе ги разбистри вашите мисли и ќе го смири умот. Потоа можете порационално да пристапите на проблемите кои ве мачат. Во распоредот задолжително ставете прошетка во природа барем еднаш во неделата.
3. Престојувајте покрај вода. Ако е возможно, своето слободно време поминувајте го покрај вода. Без разлика дали зборуваме за извор, река, езеро, море – водата делува смирувачки на човековата психа. Шетајте поред вода и уживајте во звуците на капките.
4. Дишете длабоко. Дишењето е темел на смиреноста, затоа што на тој начин го обезбедуваме мозокот со кислород и ги елиминираме токсините од нашето тело. Оваа метода на дишење може да ви помогне да ја намалите вознемиреноста:
- Полека вдишете и бројте до четири
- Задржете го здивот и бројте до 4
- Полека издишете низ уста и бројте до 4
- Два пати нормално издишете
- Почнете повторно со првиот чекор
5. Слушајте музика. Низ вековите музиката била еден од омилените начини за забава и опуштање. Пронајдете изведувач кој ви се допаѓа и барем на кратко побегнете во својот свет без грижи и стрес.