Домашна инфузија со 2 природни состојки - како да го зајакнете имунитетот пред ладните денови?
Домашен „лек“ од две природни состојки кој треба да го консумирате пред зимски денови за да го зајакнете имунитетот и телото, а за таа цел, се подготвува сега.
Станува збор за стар рецепт кој се користи со векови наназад, а помага за зајакнување на телото и има уште многу други здравствени придобивки.
Го подобрува варењето на храната, помага при губење килограми и ги отстранува токсините од организмот, богат е со калциум и калиум, што го зајакнуваат срцето и крвните садови, а ја подобрува и структурата на кожата и коските – па, зошто не би го пробале?
Рецептот содржи само две состојки – смокви и маслиново масло.
Начин на подготовка:
Исечете на пола 20 суви смокви и ставете ги во тегла. Додадете маслиново масло така што ќе ги прелиете сите смокви, а на врвот ќе остане уште 1 cm масло. Оставете ја теглата во фрижидер 40 дена.
Примена:
Јадете по една половина смоква и 1 лажичка масло од теглата со смокви. Препорачливо е смоквите да се јадат 5-10 минути пред појадокот, секој ден. Иако е најдобро да се консумира пред зима, сепак може да го повторувате 2-3 пати годишно.
М. М. | Црнобело