Што да правите ако често имате тахикардија?

Дали често ви се случува срцето да ви чука забрзано и да ве фати паника бидејќи не знаете што ви е, ниту како да си помогнете?

shto-da-pravite-ako-chesto-imate-tahikardija-01.jpg

Во нормални услови, човечкиот пулс на срцето треба да биде од 60 до 100 отчукувања на срцето, зависно од возраста, полот и уште неколку клучни фактори.

Доколку константно пулсот ви е поголем од оваа граница, а притоа не сте изложени на никаква активност, станува збор за тахикардија.

Кои се симптомите?

Кога срцето чука премногу брзо, не може ефективно да испумпува крв до другите органи, со што им скратува кислород и може да се создадат некои од следниве симптоми поврзани со тахикардија:

  • Губење воздух
  • Вртење во глава
  • Забрзан пулс
  • Брзо чукање на срцето (како да ќе излезе од градите)
  • Неправилно чукање на срцето
  • Болка во градите
  • Дуење на нозете

Дали брзото чукање на срцето е секогаш знак за срцево заболување?

Не секогаш. Постојат уште многу други причини заради кои би можело да се случува ова, но сепак не треба сами да си давате дијагноза и доколку го забележите тоа дека се случува често, консултирајте се со лекар.

shto-da-pravite-ako-chesto-imate-tahikardija-02.jpg

Ова се некои од останатите причини за брзо чукање на срцето:

  • Анемија
  • Претерување со физичка активност
  • Ненадејно плашење или стрес
  • Висок или низок крвен притисок
  • Пушење
  • Треска
  • Претерана консумација на алкохол
  • Консумирање премногу кофеин
  • Несакани дејствија на некои лекови
  • Недостаток на минерали во телото
  • Претерана консумација на некои лекови
  • Хипертироидизам (зголемена функција на тироидната жлезда)

Што да правите доколку често искусувате тахикардија?

Најпрво, не паничете и обидете се да се смирите во моментот, дишете правилно и не се плашете. Откако ќе искусите неколку такви ситуации, може да размислите да го смените животниот стил, а резултатот сигурно ќе биде евидентен.

Следете ги следниве општи правила:

  • Избегнувајте измачувачки животен стил, не практикувајте недостаток на сон, откажете се од ноќните смени и работата во штетни услови, целосно избегнувајте алкохол, цигари, силни чаеви и кафе.
  • Почнете да се исхранувате поздраво, внесувајте ги сите витамини и минерали, избегнувајте брза храна и останати нездрави грицки.
  • Внесете повеќе позитивни емоции во секојдневието, комуницирајте со оние кои ги сакате и ве смеат, правете нешто креативно, додадете нови активности кои ве смируваат и релаксираат.
  • Секако, доколку сметате дека водите здрав и активен живот или ништо од ова не помага, обратете се за стручна помош.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg