Трикови и совети кои ќе ви помогнат да се заштитите од комарци
Сезоната на комарците започна. Ова сигурно го почувствувавте на сопствената кожа. Но без грижа, постојат начини да се заштитите од нивните напади.
Покрај средствата против комарци, постојат и други трикови кои можат да ви помогнат да се заштитите ова лето.
Дел од нив во продолжение:
Комарците сакаат пиво
Во топлите летни ноќи нема ништо подобро од ладно пиво, но подобро е да го пиете во затворен простор. Зошто?
Едно истражување од јапонски научници открило дека консумирање само едно пиво може да ве направи соодветна мета за комарците.
Според истражувањето, луѓето кои пиеле алкохол почесто се напаѓани од комарци, но не е познато зошто.
Комарците не сакаат парфеми
Некои парфеми, особено оние со цитрусни ноти, ги одбиваат комарците бидејќи им го отежнуваат дишењето.
Можете да ги задржите надвор од куќата
Контролирајте ги комарците во вашиот дом со ставање на соодветна заштита на прозорците и вратите. Поправете ги дупките, пазете на пукнатини на прозорците и под вратата.
Комарците сакаат топлина, па е паметно да ја вклучите климата. Вентилаторот, исто така, може да ви помогне, бидејќи ќе ги одврати комарците.
Комарците не сакаат чад
Чадот ги задушува нивните сетила, што им отежнува да ве најдат.
За ова можете да користите мирисливи стапчиња, особено со мирис на лаванда.
Претпочитаат нулта крвна група
Вашата привлечност кон комарците е барем делумно генетски базирана.
Според неколку истражувања, комарците почесто напаѓаат луѓе со нулта крвна група. И овојпат, не се знае зошто.
Па, ако имате нулта крвна група, бидете попретпазливи.
Комарците сакаат пот
Комарците ги привлекуваат бактерииите и хемикалиите кои се наоѓаат во нашата пот.
Па ако се испотите, истуширајте се што е можно побрзо за да ги избегнете убодите.
Ашера | Црнобело