Зошто во текот на летото ви отекуваат нозете и како да се справите со тоа?
Високите летни температури имаат влијание врз нашиот организам. Една од последиците од топлото време се и отечените нозе, најчесто стапалата и потколениците.
Покрај високите температури, на отекувањето можат да влијаат и разни здравствени проблеми, но и некои лекови.
Со зголемувањето на надворешната температура, во телото се прошируваат крвните садови, со цел да се разлади организмот. Ова има влијание врз крвниот притисок и отекувањето на нозете. Долгото седење или стоење исто така може да го поттикне отекувањето на нозете, најмногу бидејќи крвта потешко се враќа до срцето.
Во текот на жешките денови треба да пиете доволно вода, бидејќи дехидратацијата е само уште една причина за отечени нозе.
Особено внимателни треба да бидат луѓето со проблеми со срцето. Кај нив, отечените стапала најчесто се знак за влошена работа на срцето. Некои лекови, како оние за висок крвен притисок, можно е да предизвикаат отекување, а во тој случај најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
За да го спречите отекувањето на нозете, треба да ги притискате мускулите на потколениците. На овој начин, крвта од стапалата и потколениците полесно ќе се движи низ телото и полесно ќе стигне до срцето.
Доколку вашето работно место бара долго седење, не заборавајте да одвоите време за кратка прошетка. Истото важи и доколку стоите во поголемиот дел од денот.
Спирова С. | Црнобело