Се плашите ли од игли?
Стравот од иглите е сериозна фобија која може посредно да резултира со смрт. Трипанофобијата или едноставно стравот од игли и медицински процедури...
...во кои се користат игли (најчесто инекции) спаѓа во групата на фобии од крв, инекции и повреди.
Според статистиките 10% од населението пати од овој страв, но избегнува лечење.
Симптомите може да бидат: губење на здив, прекумерно потење, мачнина, сува уста, чувство дека сте болни, треска, засилено биење на срцето, страв од смрт, лудило и губење контрола, чувство на отуѓување од стварноста или силен напад на анксиозност.
Научниците се уште не се сигурни што го предизвикува стравот од игли. Се чини дека е наследно од блиски роднини. Но, може и да се стекне.
Трипанофобијата е сериозно пореметување кое мора да се лечи затоа што може да предизвика потполно избегнување на било каква лекарска помош.
Ако се сомневате дека кај вас постои ваков страв, посетете психолог или психијатар кој може да ви помогне да работите на себе и да ги откриете причините за оваа опасна фобија.