„Се чувствувам безнадежно, како да се давам“: 12 исповеди со фотографии како изгледа анксиозноста
„Ужасно е тешко затоа што се кршам однатре за сè што уште воопшто се нема случено, а можеби и никогаш нема да се случи.“
Тешко е да се објасни како изгледа анксиозноста, особено затоа што во поголем дел од времето таа не е видлива за луѓето околу нас.
Ја носиме со нас на работа, нè растргнуваат анксиозни мисли при интеракциите со другите, а дури и физички се повлекуваме од јавноста кога ќе настапат панични напади, затоа што не сакаме луѓето да ја знаат вистината.
Зборовите не можат секогаш добро да ја опишат анксиозноста, фотографиите подобро ќе го сторат тоа:
„Се будите среде ноќ со анксиозност што не можете да ја контролирате и единственото нешто кое може да ви ги ублажи симптомите, да направи да не се распаднете и да завршите во болница е добро истренирано куче што ве обожава.“
„Понекогаш само полесно ви е да останете склопчени во креветот и да дозволите светот само да минува крај вас.“
„Таквите моменти не можам да ги доловам. Се потам постојано, мислите ми се конфузни, се чувствувам непријатно и чудно како да лебдам и тешко ми е да објаснам на некој што не го искусил тоа.“
„Сакам да се покријам преку глава и да се исклучам од светот.“
„Кога имам паничен напад, мора да седнам некаде за безбедно да земам здив. Кога сум дома тоалетот ми е најбезбедното и најстабилно место.“
„Постојано ги лакирам и прелакирувам ноктите, па слоевите ги лупам кога сум анксиозна. Ми помага да се чувствувам подобро, но никогаш не запирам. Го правам тоа цело време.“