Вистината за сојата
Веројатноста дека сте слушнале збунувачки работи за сојата, е голема. Некои велат дека сојата е супер храна, додека пак други велат дека го зголемува ризикот од рак.
Но, едно е сигурно: производите со соја се богати со протеини, влакна, калциум, калиум и Б витамини.
Плус, една европска студија докажала дека консумирањето на соја го намалува ризикот од срцеви заболувања, што значи дека умереното јадење соја секој ден е здраво за секој човек. Барем за ова сите се сложуваат.
Но, во секој случај морате да бидете внимателни.
За почеток, сојата е најздрава кога се консумира во нејзината природна форма и тоа ограничено на една порција дневно. Препорака е да земете тофу наместо рафинирана храна како месото од соја.
Сојата треба да се јаде умерено затоа што содржи фитоестроген кој делува како естроген во вашето тело, а многу естроген може да предизвика развивање на рак на дојката.
Всушност, студиите покажале дека големи дози на соја суплементи можат да ги зголемат ризиците од рак. Поради тоа, жените кои во својата фамилија имаат историја на вакви заболувања за да бидат сигурни треба да избегнуваат да јадат сојини производи. Истото важи и за оние кои имаат заболувања на тироидната жлезда.
Во крајна линија: Ако сте здрави, без историја на рак на дојка и тироидни заболувања во вашата фамилија, сојата може да ви помогне.