Причини да се напиете кафе
Еспресо, кафе со млеко или шлаг, турско, капучино... кога станува збор за кафе никогаш не е досадно. Особено ако сме во добро друштво. Освен што е одличен...
...пијалак за пријатно разговарање и најпопуларно средство за утринско будење, која моќ ја поседува кафето? Многу од нас не можат да го замислат денот без кафе.
Дали сте знаеле дека кафето позитивно влијае и на вежбањето затоа што кофеинот поттикнува согорување калории?
Овој црн напиток е богат со антиоксиданси и штити од бројни болести. Кафето го зајакнува духот и телото, ја буди нашата психа, ги стимулира мускулите, поттикнува крвоток и позитивно влијае на нашето помнење.
Со кафето добивате и до 30% потребна енергија за тренинзи и за издржливост. Кафето е вистинско оружје за убавина. Пилинг за кожа е одлична можност затоа што ги зајакнува клетките и ја прави кожата глатка и мека. Бројни истражувања покажале дека кафето штити и од рак на кожа.
Некогаш ни е потребно само добро кафе со млеко по напорниот работен ден за да се чувствуваме подобро.
Но, кафето не е само вкусно. 3 до 5 лажици кафе дневно е здраво и помага во борбата против стрес , но и го забавува процесот на стареење.
Кафето позитивно влијае на нашиот сексуален живот. Мажите и жените кои редовно пијат кафе, почесто уживаат во сексот. Кафето и ја подобрува подвижноста на спермата.
Кој редовно пие кафе – го намалува ризикот од заболување од дијабетес благодарение на антиоксидансите во овој црн пијалак.
Што чекате – ајде на кафе!