Издржете ја диетата
Сакате конечно да се ослободите од вишокот килограми? По кој знае кој пат се решивте да започнете со диета. Со мали трикови издржете ја диетата...
...и постигнете ја саканата тежина.
1. Витки и сити. Диетата не е изгладнување. Можете да губите килограми и да бидете сити. Ако дневно внесувате помалку од 1200 калории, почнувате да чувствувате глад.
А, токму заради гладот не успеваме до крај да ја исполниме диетата. Потребната дневна количина калории можете да ја постигнете со помош на: овошје, зеленчук, јаглехидрати и протеини.
Многу е важно да внесувате свежо овошје и зеленчук затоа што содржат важни состојки за организмот. Ако не ве заситува, можете да земете риба или варено месо.
2. Скриени слатки. Кога ќе ве нападне глад немојте да се моткате таму каде што се кријат слатките. Заради тоа обидете се да не чувате грицки и слатки во домот.
3. На вага. Контролирајте ја својата тежина. Ако имате потполна контрола на килограмите ќе знаете и како да манипулирате со нив.
Посебно кога ќе забележите дека се намалуваат – со тоа ќе расте и вашата мотивација.
4. Пијте течности. 1,5 литар вода треба да се најде на вашето мени секој ден. Така ќе ви се намалува гладот.
5. Недостаток на белковини. Храната која содржи белковини ве одржува сити. Ако во вашата диета недостасуваат белковини, доаѓа до градење на мускулите и дури 50 грама мускулни протеини дневно. Со помош на белковините полесно ќе ги изгубите килограмите.