4 ѕвезди кои се брутално искрени за својата борба со зависностите

Борбата со алкохолизамот и дрогата е пекол од кој на моменти изгледа како да нема излез, но некои ѕвезди собраа храброст јавно да проговорат за тоа.

4-dzvezdi-koi-se-brutalno-iskreni-za-svojata-borba-so-zavisnostite-01.jpg

Деми Ловато на 21-ви јуни годинава ја објави песната „Sober“ во која се исповеда дека по години трезност повторно паднала во замката на алкохолот.

Таа отворено говори за својата зависност и тешката борба.

Кои ѕвезди отворено проговорија за своите зависности?

Кели Озборн

До 24-годишна возраст Кели Озборн беше на рехабилитација 3 пати поради зависноста од апчиња против болки, пред конечно да се исчисти засекогаш.

Таа откри дека користела сè што може за да го преспие денот, не гледала за утре и постојано пушела марихуана. Дури се фрлала по скали за да си наштети на себеси. Вели дека тоа било болест и само сакала да помине низ тоа и да биде среќна.

4-dzvezdi-koi-se-brutalno-iskreni-za-svojata-borba-so-zavisnostite-02.jpg

Кит Урбан

Кантри ѕвездата откри дека го прогонувале мрачни мисли и мислел дека нема да преживее до утрото, ден за ден, со години. Се борел со зависноста од дрога и бил беспомошен сè до 2006 година.

„Бев 2 пати на рехабилитација, но тоа што ме спаси е мојата сопруга Никол Кидман. Преживеав и беше чудно, со неа како да се разбудив, како одново да се родив“, изјави Кит во една пригода.

4-dzvezdi-koi-se-brutalno-iskreni-za-svojata-borba-so-zavisnostite-03.jpg

Еминем

Еминем е една од најотворените познати личности за неговата зависност од дрога, тој дури направи два албуми „Relapse“ и „Recovery“ за неговата борба.

„Не ги разбирав луѓето кога ми велеа дека тоа е болест, но потоа конечно сфатив – Да, тоа е болест“, изјави Еминем во една пригода и откри дека рехабилитацијата не била функционална за него и одново и одново паѓал во истата замка на дрогата и алкохолот.

4-dzvezdi-koi-se-brutalno-iskreni-za-svojata-borba-so-zavisnostite-04.jpg

Деми Ловато

Во март 2018 година Деми Ловато на социјалните мрежи напиша дека слави 6 години трезност, но изгледа дека повторно се вратила на стара навика со оглед на неодамнешниот инцидент со предозирање.

Својата вистина за зависноста од алкохол таа ја раскажува и во новата песна „Sober“ и, за жал, пее како повторно попуштила и повеќе не е трезна и им се извинува на нејзините родители и на фановите што ги разочарала. Фановите ширум светот беа трогнати и ѝ испратија зборови за поддршка.

4-dzvezdi-koi-se-brutalno-iskreni-za-svojata-borba-so-zavisnostite-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg