По 6 години без недозволени супстанци - Деми Ловато во болница поради предозирање
- Детали
- среда, 25 јули 2018
Деми Ловато била хоспитализирана, откако била пронајдена во несвесна состојба во нејзиниот дом во Холивуд Хилс, прв објави TMZ.
Деми била пронајдена од страна на нејзина пријателка, која повикала брза помош, по што Деми била транспортирана во болница во Лос Анџелес.
Додека се шпекулираше дека се работи за предозирање со хероин, нејзините блиски го негираа фактот за користење било какви нелегални супстанци.
Сепак, во болничкиот третман на Деми бил користен Наркан, лек кој се користи за да ги блокира ефектите на опојните средства.
Деми Ловато 6 години тврдеше дека е чиста од било какви супстанци, по нејзината битка со зависност од кокаин и окситоцин.
Откажан е и нејзиниот настап во Атлантик Сити кој требаше да се одржи во четврток.
Додека сме во исчекување на повеќе официјални информации, погледнете го документарецот Simply Complicated, во кој Деми отворено зборува за своите зависности откако првпат пробала кокаин на 17 години:
М. Д. | Црнобело